Даноци
Данок |
Даночен обврзник |
Даночна стапка |
Правно лице–резидент на Република Македонија и постојана деловна единица на странско правно лице, за добивката што ја остваруваат од вршење на дејност на територијата на Република Македонија. |
10% |
|
Физичко лице резидент на Република Македонија за неговиот светски доход, односно доходот што го остварува во земјата и странство, како и физичко лице нерезидент за доходот што го остварува од извори во Република Македонија. |
10% |
|
Правно и физичко лице кое врши дејност на територијата на Република Македонија, а обврска за задолжителна регистрација за целите на ДДВ имаат само оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 2.000.000 денари. |
18% - општа 5% - повластена |
|
|
||
- Данок на имот |
Правно и физичко лице сопственик на имотот. |
0,10% до 0,20% |
- Данок на наследство и подарок |
Физички или правни лица-резиденти на Република Македонија, кои наследуваат имот или примаат имот на подарок во земјата или странство и странско физичко и правно лице-нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува или прима на подарок на територијата на Република Македонија. |
2% до 3% - за обврзник од втор наследен ред 4% до 5% за останатите |
- Данок на промет на недвижности |
Правно и физичко лице - продавач на недвижноста, а по исклучок, обврзник на данокот на промет на недвижности може да биде правно лице и физичко лице - купувач на недвижноста, доколку во договорот за купопродажба на недвижноста, е договорено данокот да го плати купувачот. |
2% до 4% |