Акцизи

Акцизите на територијата на Република Македонија се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на: минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили. Акцизните добра стануваат подлежни на акциза во три случаи: со нивното производство на територијата во Република Македонија, со нивниот увоз во земјава, и кога добрата се наоѓаат под царински надзор.

Акцизен должник

  • Акцизен должник е она физичко или правно лице, коешто е имател на акцизната дозвола.
  • Акцизен должник во случаите на непостоење на постапка за акцизен долг е производителот на акцизното добро.
  • Доколку гаранција за акцизното добро дал превозникот, царинскиот декларант или сопственикот на добрата, тогаш тие лица претставуваат акцизни должници.
  • Доколку акцизата се уште не настанала, а примателот на доброто го примил на акцизната територија, тогаш доброто се наоѓа во негова надлежност, и тоа лице претставува акцизен должник.
  • Акцизниот период за кој се пресметува и плаќа акцизата е еден календарски месец, во кој настанала акцизата.

Износ на акциза

Акцизата може да биде пропишана во процентуален износ - пропорционална акциза, или во апсолутен износ по единица мерка (килограм, литар, по парче) -специфична акциза. За определени добра (тутунски добра) е пропишана комбинирана акциза (пропорционална и специфична).

 Стапки и износи на акциза во Република Македонија

Акцизно добро

Акциза

Минерални масла

Моторен бензин:

 

- со содржина на олово повисока од 0,013г/л

24,396 ден/лит

- безоловен со содржина на олово до 0,013г/л

21,692 ден/лит

Гасно масло:

 

- како погонско гориво

15,121 ден/лит

- како гориво за греење

6,136 ден/лит

Течен нафтен гас:

 

- како погонско гориво

4,900 ден/кг

- како гориво за греење

4,900 ден/кг

Керозин:

 

- како погонско гориво

9,000 ден/лит

- како гориво за греење

1,800 ден/лит

Масло за ложење

0,100 ден/кгр

Нафтен кокс 84,6 ден./ GJ (гигаџул)

Масла за подмачкување:

 

- минерални масла

7 ден/кгр

- препарати

22 ден/кгр

 

 

Алкохол и алкохолни пијалоци

Пиво

4 ден.по литар/степен на алкохол или

1,65 ден.по литар/степен екстракт

Пенливо вино

0 ден/литар

Вино

0 ден/литар

Други пенливи пијалоци

0 ден/литар

Други непенливи пијалоци

0 ден/литар

Меѓупроизводи

340 ден/литар чист алкохол

Етил алкохол

340 ден/литар чист алкохол

 

 

Тутунски добра

Пури и цигарилоси

 

 

21,37 ден/по парче и

 0% од малопродажна цена

Цигари

1,353 ден/по парче и

 9% од малопродажна цена.

Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 денари по парче се применува минималната акциза во тој износ.

Напомена:

Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година.

Тутун за пушење како фино сецкан тутун

1.500 ден по килограм и

 0% од малопродажна цена

Напомена:

Од 1 јули 2014 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемува за 50 денари по килограм на 1 јули во секоја година.

Тутун за пушење како друг тутун за пушење

1.350 ден по килограм и

 0% од малопродажна цена

Патнички автомобили

Вредност на патнички автомобили во евра/над

Вредност на патнички автомобили во евра/до

Стапки на акциза

0

3.000

0,00%

3.000

4.000

0,50%

4.000

5.000

1,00%

5.000

6.000

1,50%

6.000

8.500

2,00%

8.500

12.000

3,00%

12.000

14.000

4,00%

14.000

16.000

6,00%

16.000

18.000

9,00%

18.000

22.000

11,50%

22.000

25.000

13,50%

25.000

30.000

15,50%

30.000

 

18,00%