Макроекономска политика

Секторот за Макроекономска политика ја конципира и го следи остварувањето на макроекономската политика, активно учествува во анализи за македонската економија, изготвува компаративни анализи и во склоп на тоа подготвува месечни и квартални извештаи и развојни документи, како Претпристапната економска програма.

Секторот подготвува краткорочни и среднорочни проекции на главните макроекономски индикатори (БДП, инфлација, вработеност, плати и сл.), кои потоа се инпут при планирање на владините политики во рамки на надлежностите на Министерството за финансии. Секторот изготвува и анализи за ефектите од предложените макроекономски политики врз економските и социјалните движења во земјата; подготвува компаративни анализи за состојбите и движењата во македонската економија и соседните земји, земјите од ЕУ и пошироко; подготвува мислења по закони и други акти и документи предложени од Владата на Република Македонија за усвојување и ги консолидира секторските материјали од Министерството за финансии при изработка на документи за Владата на Република Македонија и предлага економски и социјални мерки и политики.

Дел од делокругот на секторот е и следење на меѓународни извештаи и подготовка на компаративни анализи на состојбите, меѓу другото и анализа на деловната клима и предлагање мерки за нејзино постојано унапредување со посебен акцент на извештајот „Doing Business“ на Светска банка.

Секторот е одговорен и за подготовка на Билтенот на Министерството на финансии на македонски и англиски јазик, Краткорочните економски движења (КЕД) – месечни извештаи и Кварталниот економски извештај.

Индикатори и проекции

Статистички преглед

Краткорочни економски движења

Квартален економски извештај

Претпристапна економска програма