Министерството за финансии податоците за остварувањето на Буџетот на Република Северна Македонија на својата интернет страница ги објавува согласно методологијата на ММФ за владина статистика (Government finance statistic 1986).
Согласно методологијата, Буџетот на Република Северна Македонија е составен од Централниот Буџет (вклучувајќи ги и сметките за сопствени приходи на буџетските корисници) и Буџетите на фондовите (Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за државни патишта и Агенцијата за вработување). Од јануари 2013 година (Службен весник 168/2012), Агенцијата за државни патишта се преструктуира во Јавно претпријатие за државни патишта и истото не е вклучено во рамки на Буџет на РСМ.
Табелите за извршувањето на Буџетот на РСМ се објавуваат најдоцна 30 дена во тековниот месец за претходниот месец.
Извршување на Буџет на РСМ 2020
Извршување на Буџет на РСМ за 2020 (ноември)