Најави за настани

Утре, 28 мај 2019, пред платото на Министерството за финансии ќе се одржи настан по повод Денови на финансиска писменост. Во рамки на настанот, министерот за финансии, гувернерката на Народната банка и претседателите на КХВ, АСО и МАПАС ќе направат куса обиколка на штандовите кои се наоѓаат пред МФ, по што ќе следат изјави.


Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе оствари работна посета на Управата за имотно правни работи, како и на Бирото за јавни набавки.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе оствари работна посета на Управата за финансиско разузнавање.

Денеска во Министерството за финансии ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ќе оствари работна посета на Царинската управа.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ќе оствари работна посета на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје, како и на Управата на финансиска полиција.

Денеска во Министерството за финансии, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржат заедничка прес-конференција.

Денеска во Министерство за финансии ќе се одржи прес-конференција на тема “Десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии во 2018“.

Денеска во Министерство за финансии ќе се одржи третиот ПФМ дијалог на кој ќе присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевески, претставници од институциите, од невладиниот сектор и експертската јавност.