13 декември 2020, Скопје - На среден рок се проектира просечната стапка на економски раст да достигне 5%, невработеноста да се намали на 12,4%, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1%. Нето-платата во следните пет години се очекува да расте до просечна стапка од 4%. Извозот, по надминување на ковид-кризата, од следната година се очекува да расте со двоцифрени стапки. Овие проекции се дадени со ревидираната Фискална стратегија, којашто за првпат дава проекција за 5 наместо за 3 години, во насока на подолгорочно планирање.
Вести
12 декември 2020, Скопје - Со Стратегијата за управување со јавен долг се дефинираат лимити за висината на трите нивоа на долг, државниот, гарантираниот како и на вкупниот јавен долг во следните пет години, и за структурата на долгот, во насока на прудентно управување со истиот. Согласно Стратегијата за јавен долг, што ја изработи Министерството за финансии, и во насока на политиките за фискална консолидација коишто ќе се спроведуваат, заклучно со 2025 година јавниот долг треба да се сведе под Мастришкиот критериум, односно да се намали на 58,8%. Државниот долг, пак, согласно Стратегијата, ќе се движи до 53,7% од БДП, по што ќе се стабилизира и ќе се сведе на 51% во 2025 година.
11 декември 2020, Скопје – Потребно е подобрување на наплатата на приходи од страна на општините, јакнење на капацитетите на општините за подобро планирање, фискална консолидација, но и поголема транспарентност и отчетност на трошењето на парите. Ова се главните заклучоци од денешната конференција на УНДП на тема „По ковид-19: Градиме отпорни локални самоуправи“, а на која учествуваше министерот за финансии, Фатмир Бесими.
9 декември 2020, Скопје – Осма година по ред, во организација на Ерсте банка и Шпаркасе банка Македонија, преку онлајн платформата Microsoft Teams, се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Како и претходните години, на конференцијата присуствуваа аналитичари и експерти од Групацијата на Ерсте и Шпаркасе, како и реномирани претставници од македонскиот финансиски сектор, со свои анализи и предвидувања за актуелните трендови во финансискиот свет и со посебен осврт на влијанието на пандемијата предизвикана од ковид-19 врз макроекономските и финансиските движења во Република Северна Македонија и пошироко во регионот.
9 декември 2020, Скопје - И покрај негативниот економски резултат во третото тримесечје, се гледа тенденција на подобрување. Бруто-инвестициите и јавната потрошувачка, по остриот пад во второто тримесечје, забележуваат раст, што укажува на тоа дека антикризните мерки што се преземаат даваат резултати, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими, зборувајќи на настанот ТОП 100 во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија.
4 декември 2020, Скопје - Поставување фискални правила и воспоставување Фискален совет - во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување интегриран систем за управување со јавни финансии - во насока на подобро планирање, креирање регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денеска, на јавната расправа што се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваа министерот за финансии, Фатмир Бесими, претставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите што биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во Законот.
29 ноември 2020, Скопје - Преку спроведување на концептот на СМАРТ-финансии, на среден рок може да постигнеме двојно поголем економски раст во споредба со последната деценија, што би значело подобар стандард за граѓаните, нови работни места, повисоки плати, поквалитетно здравство, образование и животна средина, дигитализација на услугите и воопшто подобри јавни услуги. Концептот на СМАРТ-финансии веќе се имплементира во Предлог-буџетот за 2021 година, каде што за првпат има среднорочно планирање, но и се воведуваат механизми за следење на извршувањето. На овие теми зборуваше министерот за финансии, Фатмир Бесими на предавањата што ги одржа во рамки на „Деновите на финансиска писменост“ на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Универзитот на Југоисточна Европа.
28 ноември 2020 Скопје (МИА) – Тековните потреби и понатаму ќе се сервисирааат непречено. Во најголема криза пензиите ги исплаќавме порано, редовно се исплаќаат платите и не се доцни со обврските. Тие ќе се сервисираат редовно и навремено и догодина. Предлог-буџетот за 2021 година би го опишале со пет збора - реален, стратешки, ревитализирачки, развоен и транспарентен.
28 ноември 2020, Скопје - Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст - SmartER growth, даночна стратегија, но и продлабочување на соработката во делот на СДИ, беа теми на разговор помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас.
25 ноември 2020, Скопје - За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година обезбедени се за 4,5 проценти поени повеќе во однос на Буџетот за 2019 година, односно со Буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на комисиската расправа за Буџетот во Собранието.