24 ноември 2020, Скопје - Преку четирите столба - Економско заздравување од Ковид-19, Забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и Развој на човечките ресурси и еднакви можности, ќе се спроведе Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст на македонската економија. Преку Стратегијата, но и преку политиките за фискална консолидација и среднорочниот план за јавни инвестиции ќе се дејствува во насока на одржување на здравјето на граѓаните, економијата и општеството, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2021 година на Комисијата за финансирање и буџет.
Вести
23 ноември 2020, Скопје - Финансиската писменост е јавен интерес, бидејќи индивидуалните и лични финансиски одлуки влијаат врз целокупниот економски раст и развој - заклучија првите луѓе на финансиските регулаторни тела, кои се дел од Координативното тело за финансиска писменост во коешто учествуваат Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). На настанот со којшто се најавија Деновите на финансиска писменост, коишто ќе се одбележуваат до 26 ноември и за првпат се одржуваат виртуелно, се обратија министерот за финансии, Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али и претседателот на советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.
21 ноември 2020, Скопје - Со Буџетот за 2021 година издвоени се 1,141 милијарда евра за областа економски работи. Со нив ќе се поддржат инвестициските активности на домашните претпријатија, привлекување странски директни инвестиции, инвестирање во развојните зони, малите и средни претпријатија, подобрување на конкурентноста, поддршка на домашниот туризам, вели во интервјуто за „Капитал“ министерот за финансии, Фатмир Бесими.
20 ноември 2020, Скопје - Доброто управување и преземените активности од страна на Владата и Народната банка ја задржаа макроекономската и финансиската стабилност и го ублажија ефектот на ковид-кризата врз економијата и општеството, потврдува Меѓународниот монетарен фонд во својата завршна изјава од 10-дневната редовна мисија во земјава. Се посочува и дека здравјето на граѓаните и зачувувањето на економијата се врвен приоритет на Владата, како и дека догодина ќе се интензивира економската активност, по нејзиното намалување во 2020 година како последица од кризата предизвикана од Ковид-19.
19 ноември 2020, Скопје - Удвојување на растот, од просечната стапка од 2-2,5% во изминатите 10 години на просечна стапка од 4-5% во наредниот период, може да се постигне преку спроведување на четирите столба на политики - заздравување од ковид-кризата, политики за забрзување на растот, политики за зголемување на конкуретноста на економијата и политики за инвестирање во човечки капитал. Ова го истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М.
19 ноември 2020, Скопје - Во рамки на редовната мисија на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Бергјот Бјорнсон Баркбу, е одржана завршна средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која беа презентирани заклучните согледувања во однос на макроекономските и фискалните проекции за наредниот период.
15 ноември 2020, Скопје - Сивата економија, којашто изнесува околу 37% од Бруто-домашниот производ, може да се сузбие само преку мерки кои ќе придонесат ризикот од дејствувањето во рамки на сивата зона да биде поголем од приносот од истото, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на дебатата за Буџетот за 2021 година на МТВ, на која учествуваа и премиерот Зоран Заев и економски експерти.
15 ноември 2020, Скопје - Од следната година буџетскиот дефицит ќе се намалува, за да до 2025 година се сведе на 2,1% или под Мастришкиот критериум. Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на дебатата на МТВ за Буџетот за 2021 година, на која учествуваа и претседателот на Владата, Зоран Заев и економски експерти.
14 ноември 2020, Скопје - Буџетот за 2021 година за првпат има подолгорочно планирање, односно за првпат се претставува повеќегодишна рамка. Исто така, тој содржи мерки коишто се фокусирани да им помогнат на компаниите зафатени од ковид-кризата, преку поддршка на работната сила, даночни олеснувања и поддршка преку кредити, нотира Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот извештај за кредитниот рејтинг на земјата, кој го потврди на ББ+ со негативен изглед.
14 ноември 2020, Скопје - Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Потврдата на рејтингот од една страна се должи на спроведувањето добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната политика, како и на процесот на евроинтеграциите, а од друга страна се негативните ефекти на ковид-кризата врз економијата.