Вести

Министерот Бесими официјално му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието
12.11.2020

12 ноември 2020, Скопје - Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери и на овој начин беше симболично одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело. Предлог-буџетот за 2021 година се доставува до Собранието навремено, дури и порано од рокот предвиден со буџетскиот процес.

Обраќање на МФ Фатмир Бесими по повод Усвојување на Предлог-буџетот за 2021 година од страна на Владата на Република Севeрна Мак
11.11.2020

11 ноември 2020, Скопје - Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог за Буџетот за 2021 година - Буџет за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година. Во продолжение е неговото обраќање:

Премиерот Заев и министерот Бесими за Буџетот за 2021 година: Eкономска стабилност и забрзан раст со фокус на здравство и инвест
11.11.2020

11 ноември 2020, Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција го презентираа новиот предлог за Буџетот за 2021 година - Буџет за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година, кој понатаму ќе биде доставен за усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Дискусија за Предлог-буџетот за 2021: Здравство, економско заздравување и забрзан економски раст на среден и долг рок
10.11.2020

10 ноември 2020, Скопје - „Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата предизвикана од ковид -19 се главните приоритети за наредната година. Воедно ќе се спроведат реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба одржана по повод подготовката на Буџетот за 2021 година со меѓународните институции, а на која учествуваа делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка, а истото го нагласи и на експертската средба што се одржа исто така по тој повод.

Консултација со стопанските комори за подготовка на Предлог - буџетот за 2021
09.11.2020

9 ноември 2020, Скопје - „Наредната година очекуваме да биде година на економско заздравување. Буџетот за 2021 година треба да претставува основа за долгорочен раст, побрз од оној досега, што ќе се постигне преку развој на човечките ресурси, зајакнување на конкурентноста на компаниите и владеење на правото, како и подигнување на капацитетот на институциите“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба одржана по повод подготовка на Предлог-буџетот за 2021 година со претседателите на стопанските комори, Бранко Азески на Стопанска комора на Македонија, Неби Хоџа на Комора на Северозападна Македонија и Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори, а која присуствуваше онлајн.

Бесими: Изготвени закони и дизајнирани 22 мерки од Четвртиот пакет што се во надлежност на Министерството за финансии
07.11.2020

7 ноември 2020, Скопје - Законските измени за 22 мерки од вкупно 31 мерка од Четвртиот пакет, коишто се во надлежност на Министерството за финансии, се веќе донесени или пак се во собраниска процедура, или се изготвени и се ставени на јавна консултација на ЕНЕР. Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на заедничката прес-конференција со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по повод усвојувањето на законите за финансиска поддршка на работодавците и самостојните вршители на дејност за исплата на плати, кои беа усвоени од страна на Собранието.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ И ДИРЕКТОРКАТА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ПОСВЕТЕНА НА МЕРКАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
07.11.2020

7 ноември 2020 година, Скопје - Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими денес одржаа заедничка прес-конференција посветена на  Законот за финансиска поддршка за исплата на плати и спроведување на мерките од четвртиот пакет антикризни мерки.

Извлечени 15-те добитници на месечните награди преку MojДДВ #МојаНаграда
05.11.2020

5 ноември 2020 година, Скопје - Извлечени се 15-те добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, на јавното извлекување коешто се одржа вчеравечер на Канал 5.

ЗАКОН ЗА СИСТЕМОТ НА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
04.11.2020

На 3 ноември 2020 година, Министерството за финансии го објави Нацрт-Законот за системот на внатрешна финансика контрола во јавниот сектор на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) и на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк.

Усвоен ребалансот, обезбедени средства за поддршка на здравството и за реализација на четвртиот пакет-мерки
04.11.2020

4 ноември 2020, Скопје - Усвоен е ребалансот на Буџетот за 2020 година со што се обезбедуваат дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети со цел справување со здравствената криза предизвикана од ковид-19, како и средства за реализација на четвртиот пакет-мерки, кој има за цел да обезбеди економско заздравување. Со тоа се обезбедува одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности и обезбедување политики коишто ќе помогнат во продолжување на позитивните трендови на македонската економија, по завршување на кризата. Воедно со ребалансот се обезбедуваат повеќе средства и за студентскиот и ученичкиот стандард.

Pages