Вести

Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи со натамошни предизвици
03.11.2020

3 ноември 2020, Скопје - Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици. Финансиските регулатори внимателно ги следат состојбите и одвивањето на ковид-кризата, со подготвеност да ги приспособуваат своите политики, гарантирајќи за финансиската стабилност.

Заменик-министерот Ковачевски на јавна дискусија со невладиниот сектор за новиот Закон за буџети
02.11.2020

2 ноември 2020, Скопје - Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски учествуваше на дискусија за новиот Предлог-закон за буџети со којшто се воведуваат системски решенија во јавните финансии, како што се среднорчно планирање и фискален совет. Предлог-законот е ставен за јавна дискусија на ЕНЕР, а денеска беа разменети идеи и размислувања со претставници од невладиниот сектор, односно со невладините организации Отворено општество и ЗМАИ.

 Законот за државна гарантна шема поставен за јавна дискусија на ЕНЕР
01.11.2020

1 ноември 2020, Скопје - Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот со којшто се овозможува реализирање на мерката Државен гарантен фонд е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) за јавна консултација. Со Предлог-законот се уредува начинот на којшто ќе функционира кредитната гарантна шема, која има за цел да го олесни пристапот до кредити за микро, малите и средни претпријатија.

Објавени резултатите од традиционалниот конкурс за ученици по повод Светскиот ден на штедењето
31.10.2020

31 октомври 2020, Скопје - Учениците од нашата земја сѐ повеќе се интересираат за финансиската едукација и за важноста на соодветното управување со личните финансии и со штедењето. Ова е резултат и на постојаните вложувања во сферата на финансиската писменост, а се потврдува и преку резултатите од годинашниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето, којшто традиционално го распишуваат Министерството за финансии и Народната банка. Специфичните околности наметнати од пандемијата на ковид-19 не беа пречка, учениците од нашата земја, и оваа година, во голем број, на креативен начин да ги испратат своите пораки за важноста на штедењето. Над четиристотини ученици ги испратија своите литературни и ликовни творби, покажувајќи ги нивните размислувања за штедењето и нивната креативност.

Бесими: Раст на штедењето во услови на пандемија
30.10.2020

30 октомври 2020, Скопје - Со раст на штедењето во услови на пандемија годинава е одбележан Светскиот ден на штедењето, а во организација на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити.

- Денот на штедењето оваа година го одбележуваме во специфични услови. Се бориме со последиците од непознат вирус и тоа не само на здравствен туку и на економски план. Се бориме за секој живот, но и за опстанок на секој деловен субјект, на секое работно место. Сепак, и во вакви услови го одбележуваме Денот на штедењето и тоа со постигнувања што се за почит, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Бесими: Обезбедивме средства за финансиска поддршка од по 6.000 денари и за децата без родители
29.10.2020

29 октомври 2020, Скопје - Мерката за финансиска поддршка на ранливите категории, како што се пензионерите и самохраните родители, се проширува и за децата без родители. Поддршка во износ од по 6.000 денари е предвидена и за нив со ребалансот на Буџетот, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на собраниската расправа за ребалансот.

Бесими: Подобрување на системот за управување со финансиите, еден од приоритетите во рамки на соработката со СБ
25.10.2020

25 октомври 2020, Скопје - „Проектот за интегриран информациски систем за управување со финансиите, којшто ќе овозможи интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосна реализација, како и проектите за локални патишта, иновации и конкурентност, и за одржлив развој на општините се приоритетните проекти што треба да се реализираат во рамки на четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со Светска банка“ – беше потенцирано на состанокот помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тимовите на Министерството за финансии и Народната банка со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, што се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка.

Ковачевски: Заврши амандманската расправа за ребалансот со кој се обезбедуваат средства за мерките
23.10.2020

23 октомври 2020, Скопје - Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот со кој се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки заврши вчера, посочи заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод чествувањето на празникот 23 Октомври.

Заменик-министерот Ковачевски дел од владината делегација за одбележување на 23 Октомври
23.10.2020

23 октомври 2020, Скопје - Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски беше дел од владината делегација којашто денес, во рамки на чествувањето на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври, положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје.

Владата го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември
23.10.2020

23 октомври 2020, Скопје - Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19 за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, вчера беше усвоен од страна на Владата и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите што имаат пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година најмалку 30%, споредено со истиот период минатата година. 

Pages