20 октомври 2020, Скопје – Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Последните расположливи податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но јасно е дека неизвесноста е особено изразена. Ова е карактеристично за вкупната глобална економија, чиешто закрепнување се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои тешко се предвидуваат. Оттаму, потребно е да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање навремени мерки. ММФ и понатаму, секогаш кога има потреба и простор за тоа, ќе испорачува поддршка за економиите.
Вести
15 октомври 2020, Скопје – Пандемијата предизвикана од ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
15 октомври 2020, Скопје - Со ребалансот на Буџетот се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, којшто има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да осигури стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики што ќе помогнат во спроведување брза излезна стратегија, со цел продолжување на позитивните трендови на македонска економија по завршувањето на кризата. Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
14 октомври 2020, Скопје - Во следниот период ќе се работи на подобрување на планирањето, алокацијата и имплементацијата на јавните инвестиции со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и Европската унија и Светска банка. Во Министерството за финансии веќе се изготвува Акциски план за оваа намена. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и тимовите од Министертвото за финансии и Народната банка, со тимот на ММФ од Одделот за фискални работи. Оваа средба е во рамки на Годишните состаноци на ММФ и Светска банка, кои започнаа неделава, а кои поради состојбата со Ковид, се одржуваат годинава он-лајн.
14 октомври 2020, Скопје - Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. На средбата се дискутираше за сите предизвици со кои се соочуваме на економски план во услови на глобална пандемија.
13 октомври 2020, Скопје - Заокружување на патната и железничката инфраструктура на Коридорот VIII и Коридорот X, изградба на магистрални гасоводи и инвестиции во системи за управување со цврст отпад, се клучните приоритети коишто ќе се реализираат со финансиска поддршка на ЕБОР. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и регионалниот директор на банката за Западен Балкан, Жужана Хaргитаи.
6 октомври 2020, Скопје - „Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија.
5 октомври 2020, Скопје - Планирањето на капиталните инвестиции ќе се зајакне, а воедно и нивното следење. Ќе се направат посебни единици и тела во Министерството за финансии и Владата за следење на капиталните инвестиции, најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на Топ Тема на Телма.
5 октомври 2020, Скопје - Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за фирмите кои бележат пад на приходите како резултат на кризата и тоа надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари, согласно падот на приходите на фирмите. По усвојување на реабалансот фирмите ќе можат да аплицираат за мерката, рече министерот за финанси Фатмир Бесими на вечерашното гостување на Топ Тема.
5 октомври 2020, Скопје - Ковид кризата е од неекономска природа и сите економии во светот вбризгуваат средства во стопанството, го прошируваат дефицитот така што преку мерки ги поттикнуваат и понудата и побарувачката за да ја зголемат економската активност и надминат кризата. Од друга страна, приходите, како резултат на намалување на домашната потрошувачка и нарушувањето на глобалните синџири поради ковид-кризата, секаде имаат помала реализација, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на Топ Тема.