Вести

Извлечени 15-те добитници од 8. коло месечни награди преку MojДДВ #МојаНаграда
05.10.2020

5 октомври 2020 година, Скопје – Извлечени се 15-те добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, на јавно извлекување коешто се одржа во саботата вечер на Канал 5.

Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четврт пакет мерки
05.10.2020

5 октомври 2020, Скопје - Вториот ребаланс  на буџетот е Ребаланс за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да кога кризата ќе заврши продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, презентирајќи го вториот ребаланс на буџет.

Бесими - Ван Гелдер: Интегрираниот систем за јавни финансии е еден од приоритетите за идна соработка со Светска банка
03.10.2020

3 октомври 2020, Скопје - Еден од приоритетите за финансирање преку четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка е Интегрираниот информациски систем за управување со финансии – ИФМИС, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Овој систем ќе обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од нивно планирање до целосна реализација, со што ќе се подобри и буџетирањето и реализацијата.

Средба Бесими - Гир: Првата транша од 80 милиони евра од ЕУ пристигнува следната недела
02.10.2020

2 октомври 2020, Скопје - Првата транша со износ од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии
01.10.2020

Продолжува успешната соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и Министерството за финансии

1 октомври 2020, Скопје - Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими.

Средба Бесими - Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8
01.10.2020

1 октомври 2020, Скопје - „Актуелната здравствено-економска криза којашто го зафати целиот свет, вклучувајќи ги и Република Северна Македонија и Шпанија, наметнува активно следење на ситуацијата и навремени реакции од страна на владите. Во првата половина од годинава, пандемијата имаше поголемо негативно влијание отколку што се очекуваше, а закрепнувањето се предвидува да биде постепено. Со цел да се ублажи ударот врз економијата и животниот стандард на граѓаните, донесовме сет мерки коишто обезбедуваат ликвидност за компаниите кои понатаму, кога ќе се подобри ситуацијата, ќе можат да продолжат да работат, да бидат конкурентни и да дадат придонес кон економскиот раст“, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на средбата со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера.

Бесими за Еуроњуз Албанија: Со унапредување на регионалната економска соработка до синергија во развојот
30.09.2020

30 септември 2020, Скопје - Со добра стратегија за економска соработка во регионот, инвестиции во регионалната инфраструктура, и развој на соработката и трговијата, можеме да постигнеме синергија и да го забрзаме економскиот раст. Да постигнеме просперитет и да се донесат Европа и европските вредности во регионот, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за  Еуроњуз Албанија (Euronews Albania).

Бесими - Тимоние: Поддршка од Франција за проекти за одржлив економски раст и животна средина
29.09.2020

29 септември 2020, Скопје - Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристиан Тимоние. На состанокот беше зборувано за економскиот план на македонската влада за справување со кризата и Договорот помеѓу двете влади за основање на Француската агенција за развој (ФАР), а со чие склучување се очекува интензивирање на соработката.

Усвоен четвртиот пакет мерки
28.09.2020

24 септември 2020, Скопје - „Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември, 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, државна кредитна гаранција, државна царинска гаранција, дополнително одложување на отплатата на кредитите за компаниите до крајот на годината, одложено плаќање ДДВ за компаниите, домашна платежна картичка за самохрани родители, пензионери со ниска пензија, пасивни баратели на работа, намалување и/или укинување на парафискалните давачки“, се само дел од мерките коишто се опфатени со четвртиот пакет-мерки, што беше усвоен на вчерашната седница на Владата.

Бесими – Сахакјан: Подобар систем јавни финансии, помалку сива економија и фискална децентрализација – фокус на идната соработка
26.09.2020

26 септември 2020, Скопје - Фокусот на соработката на Министерството за финансии со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во следниот период, ќе биде подобрување на управувањето со јавните финансии во разни области, со посебен осврт на борбата против неформалната економија, како и поддршка на општините во процесот на фискална децентрализација и зајакување на капацитетите на локално ниво. Ова беше зборувано на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во нашата земја Нарине Сахакјан и нејзиниот тим. За надминување на последиците од Ковид-кризата потребно е холистички пристап при креирање мерки и политики за дејствување, како и мерење на перформансот на истите - беше посочено на состанокот.

Pages