Вести

Средба Бесими - Брнз: САД еден од најзначајните стратешки парнери
25.09.2020

25 септември 2020 година, Скопје - „Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина. Очекуваме зголемен број директни инвестиции од САД во следниот период, коишто ќе креираат работни места за високо едуциран кадар и извоз на добра со повисока додадена вредност“ - ова се пораките што министерот за финансии, Фатмир Бесими ги упати на денешната официјална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која беше придружувана од раководителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски. 

Бесими-Галовеј: Поддршката од Обединетото Кралство - клучна во креирањето на нов подобар систем на јавни финансии во земјава
24.09.2020

24 септември 2020, Скопје - Поддршката на Обединетото Кралство е од големо значење за реформите кои се преземаат во делот на јавните финансии, како новиот Закон за буџети кој е во финална фаза на изработка и во следниот период ќе се најде на Единствениот национален електронски регистар на регулативи на Република Северна Македонија – ЕНЕР, како и интегрираниот информациски систем за управување со јавни финансии. Ова беше посочено на денешната средба помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

 Средба Бесими - Арсовска: Со  инклузивен процес до решенија за излез од кризата
24.09.2020

24 септември 2020, Скопје - Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Министерот Бесими ја истакна важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порача дека покрај мерките што се преземаат важна е и конзистентноста.

Бесими: Се очекува следната година да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП
24.09.2020

24 септември 2020, Скопје - Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување, иако појдовната основа за растот од 4,8% ќе биде пониска од претходната година, вели во интервју министерот за финансии, Фатмир Бесими за Економски магазин на телевизија Алсат-М. Тој посочува и дека кризата предизвикана од коронавирусот е од многу поголеми размери во однос на светската финансиска криза од 2009 година.

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност
24.09.2020

24 септември 2020, Скопје - Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија.

Средба Бесими – Река: Реализацијата на инфраструктурните проекти клучна за зголемување на економската соработка
23.09.2020

23 септември 2020 година, Скопје - Продлабочување на добрососедските односи и реализација на инфраструктурните проекти коишто ќе доведат до зголемување на економската соработка помеѓу РС Македонија и Албанија, беа тема на разговор на денешната средба помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река. Амбасадорот Река му го честиташе на министерот Бесими изборот за министер и му посака успех во работата.

Средба Бесими – Јан Коп: Продлабочување на соработката со Кралството Холандија
21.09.2020

Продлабочување на соработката во делот на СДИ, спроведување на активностите како дел од Билатералната програма за соработка 2020-2021, како и мерките што се спроведуваат со цел справување со здравствено-економската криза, беа тема на разговор на денешната средба помеѓу министерoт  за финансии, Фатмир Бесими и холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп.

 Бесими на средба со СКМ: Ќе се воведат државна гарантна шема, даночен календар и е-фактура
18.09.2020

18 септември 2020, Скопје - Воведување државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими, за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период.

Министерско-експертска панел-дискусија во МФ: Со СМАРТ финансии побрзо надминување на кризата и побрз и одржлив економски раст
17.09.2020

17 септември 2020, Скопје - Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на Министерството и министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која присуствуваа поранешни министри за финансии и експерти од областа на економијата и финансиите.

Бесими: Предвидливост во даночната политика и подигнување на прагот за ДДВ обврзниците на 3 милиони денари со цел поддршка на ма
16.09.2020

16 септември 2020, Скопје - Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10% во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5% за земјоделските производители и за занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ обврзник на 3 милиони денари од 2022 година. Ова го најави министерот за финансии Бесими од аспект на даночната политика во својот четиригодишен мандат како прв финансиер, со цел поддршка на стопанството. Исто така, Бесими најави и намалување на парафискалните давачки до 75%.

Pages