Цел на финансиското управување и контрола е подобрување на финансиското управување заради постигнување на следните општи цели:
- вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен начин;
- усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;
- заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување, неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби
- јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите
- правилно евидентирање на финансиските трансакции; и
- навремено финансиско известување и следење на резилтатите од работењето.