Скопје, 5 април 2017 (МИА) - „Во последните 20 години успеавме да одржиме ценовна стабилност, со инфлација од 2 проценти во просек, стабилен девизен курс и здрав банкарски систем кој преживеа многу стрес-тестови во реално време.“
Ова го истакна гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Димитар Богов, обраќајќи се на конференцијата што НБРМ ја организира по повод 25-години монетарна самостојност.