Добредојдовте во светот на PIFC
ЈВФК е концепт развиен од Европската комисија, за да им помогне на земјите кандидати да ги реформираат своите системи на внатрешни финансиски контроли. Концептот е базиран на меѓународните стандарди за внатрешна контрола и праксата на европските земји.
ЈВФК претствува нова култура на управување, односно премин од воспоставеното традиционално администрирање во активно управување.
Елементи на јавната внатрешна финансиска контрола се:
1. Финансиското управување и контрола
2 . Функционално независната внатрешна ревизија
-
оценката на финансиското управување и контрола
-
тестирањето и оценувањето на системот
-
давање совети и препораки за подобрување на работењето
3. Централната единица за хармонизација е организациона единица во рамките на Министерството за финансии која е надлежна за координација на јавната внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) во јавниот сектор во Република Македонија
ЈВФК воведува систематски пристап за управување преку:
- Стратешкото планирање
- Програмското планирање
- Управувањето со ризиците
- Овластувањето и одговорноста за реализација на целите и управувањето со буџетските средства
- Системот за евиденција и известување
- Самооценувањето на финансиското управување и контрола (Изјава за квалитетот и состојбата на внатрешните контроли, Прашалник за самопроценка на финансиското управување и контрола) и
- Внатрешната ревизија
Натамошниот развој на овој систем ќе продолжи и по пристапувањето на Република Македонија во Европската унија земајќи ги во предвид тековните случувања во буџетски систем, но исто така и праксата на земјите-членки на ЕУ.
Земјите членки на ЕУ го користат терминот "јавна внатрешна контрола" (анг. Public Internal Control - PIC) како упатување на системите на внатрешна контрола, кој во моментов се развиваат во рамки на јавниот сектор на земјите-членки на Европската унија. Иако дојде до терминолошки измени, концептот на ЈВФК и понатаму останува темелен, бидејќи регулаторната цел останува иста.
Законот за јавна внатрешна финансиска контрола го уредува системот на внатрешни контроли во јавниот сектор на Република Македонија кој е во функција на обезбедување на примена на начелото на стабилно, односно добро финансиско управување и создавање услови за зајакнување на раководната одговорност и внатрешната ревизија како дел на тој систем која е во функција на независно и објективно оценување на системот на внатрешните контроли и давање совети со цел подобрување на работењето на институциите.