Акцизите на територијата на Република Македонија се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на: минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили. Акцизните добра стануваат подлежни на акциза во три случаи: со нивното производство на територијата во Република Македонија, со нивниот увоз во земјава, и кога добрата се наоѓаат под царински надзор.
Акцизен должник
- Акцизен должник е она физичко или правно лице, коешто е имател на акцизната дозвола.
- Акцизен должник во случаите на непостоење на постапка за акцизен долг е производителот на акцизното добро.
- Доколку гаранција за акцизното добро дал превозникот, царинскиот декларант или сопственикот на добрата, тогаш тие лица претставуваат акцизни должници.
- Доколку акцизата се уште не настанала, а примателот на доброто го примил на акцизната територија, тогаш доброто се наоѓа во негова надлежност, и тоа лице претставува акцизен должник.
- Акцизниот период за кој се пресметува и плаќа акцизата е еден календарски месец, во кој настанала акцизата.
Износ на акциза
Акцизата може да биде пропишана во процентуален износ – пропорционална акциза, или во апсолутен износ по единица мерка (килограм, литар, по парче) -специфична акциза. За определени добра (тутунски добра) е пропишана комбинирана акциза (пропорционална и специфична).
Стапки и износи на акциза во Република Македонија
| Акцизно добро | Акциза | ||
| Минерални масла | |||
| Моторен бензин: | |||
| – со содржина на олово повисока од 0,013г/л | 24,396 ден/лит | ||
| – безоловен со содржина на олово до 0,013г/л | 21,692 ден/лит | ||
| Гасно масло: | |||
| – како погонско гориво | 15,121 ден/лит | ||
| – како гориво за греење | 6,136 ден/лит | ||
| Течен нафтен гас: | |||
| – како погонско гориво | 4,900 ден/кг | ||
| – како гориво за греење | 4,900 ден/кг | ||
| Керозин: | |||
| – како погонско гориво | 9,000 ден/лит | ||
| – како гориво за греење | 1,800 ден/лит | ||
| Масло за ложење | 0,100 ден/кгр | ||
| Нафтен кокс | 84,6 ден./ GJ (гигаџул) | ||
| Масла за подмачкување: | |||
| – минерални масла | 7 ден/кгр | ||
| – препарати | 22 ден/кгр | ||
| Алкохол и алкохолни пијалоци | |||
| Пиво | 4 ден.по литар/степен на алкохол или
1,65 ден.по литар/степен екстракт |
||
| Пенливо вино | 0 ден/литар | ||
| Вино | 0 ден/литар | ||
| Други пенливи пијалоци | 0 ден/литар | ||
| Други непенливи пијалоци | 0 ден/литар | ||
| Меѓупроизводи | 340 ден/литар чист алкохол | ||
| Етил алкохол | 340 ден/литар чист алкохол | ||
| Тутунски добра | |||
| Пури и цигарилоси
|
21,37 ден/по парче и
0% од малопродажна цена |
||
| Цигари | 1,353 ден/по парче и
9% од малопродажна цена. Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 денари по парче се применува минималната акциза во тој износ. Напомена: Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година. |
||
| Тутун за пушење како фино сецкан тутун | 1.500 ден по килограм и
0% од малопродажна цена Напомена: Од 1 јули 2014 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемува за 50 денари по килограм на 1 јули во секоја година. |
||
| Тутун за пушење како друг тутун за пушење | 1.350 ден по килограм и
0% од малопродажна цена |
||
| Патнички автомобили | |||
| Вредност на патнички автомобили во евра/над | Вредност на патнички автомобили во евра/до | Стапки на акциза | |
| 0 | 3.000 | 0,00% | |
| 3.000 | 4.000 | 0,50% | |
| 4.000 | 5.000 | 1,00% | |
| 5.000 | 6.000 | 1,50% | |
| 6.000 | 8.500 | 2,00% | |
| 8.500 | 12.000 | 3,00% | |
| 12.000 | 14.000 | 4,00% | |
| 14.000 | 16.000 | 6,00% | |
| 16.000 | 18.000 | 9,00% | |
| 18.000 | 22.000 | 11,50% | |
| 22.000 | 25.000 | 13,50% | |
| 25.000 | 30.000 | 15,50% | |
| 30.000 | 18,00% | ||












